Полицијата од Струмица поднесе кривични пријави против неколку лица, кои злоставувале и нападнале членови на своето семејство.
Кривична пријава заработи лицето М.В. (40) од Струмица поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „телесна повреда“. Тој пред десетина дена, во 5.30 часот, откако се опијанил започнал вербална расправија со неговата мајка по што физички ја нападнал, нанесувајќи ѝ видливи телесни повреди.
Кривична пријава доби и Б.Н. (54) од село Сушево, општина Василево, поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „телесна повреда“. Тој пред две недели, околу 12.30 часот, додека со неговата сопруга се превезувале со запрежна кола, без причина ја нападнал сопругата со дрвениот дел од камшикот, а кога стигнале дома и физички ја нападнал нанесувајќи ѝ видливи телесни повреди.
СВР Струмица поднесе кривична пријава и против лицето Б.Ј. (41) од село Градашорци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Тој, минатата недела, во културниот дом во село Градашорци, за време на забава, започнал тепачка со друго лице во која со еден удар му го скршил носот. После тоа оштетениот бил пренесен во Клинички центар Скопје.