Четири лица се полесно повредени денеска при судар на крузер и туристички брод во Венеција, јавија италијанските медиуми.
Агенцијата Анса објави дека две лица се префрлени во болница.
Крузерот MSC Opera изгубил контрола и удрил во туристичкиот брод, а потоа и во ѕидот на каналот Џудека, што предизвика паника меѓу туристите.
Противпожарната служба на Twitter соопшти дека ситуацијата е под контрола.
Уште не се знае причината зошто крузерот се движел без контрола.