Култниот настап на Бијонсе повторно оживеа во трејлерот за „Homecoming“
Минатогодишниот настап на Бијонсе на фестивалот Коучела ќе остане запаметен како еден од најголемите музички моменти во последните десетина години. Netflix реши да направи документарен филм за него, кој го режираше Бијонсе.
Премиерата на филмот е закажана за 17 април, а тој ќе се појави директно на Netflix. Оттаму го опишаа филмот како „интимно раскажување на еден емоционален пат, кој тргнува од едноставен креативен концепт а доаѓа до глобално културно движење“.