Култното BMW 2002 замислено за 21 век

BMW го претстави концептот 2002 Hommage во чест на одбележувањето половина век од лансирањето на познатиот модел BMW 2002. Баварската компанија на манифестацијата Concorso d’Eleganza Villa d’Este, што традиционално се одржува во мај на брегот на езерото Комо во Италија, го покажа новиот концепт базиран на еден од култните автомобили од нивната историја.

Минатата година компанијата го претстави концептот 3.0 CSL Hommage со кој му одадоа чест на тркачкиот модел 3.0 CSL со кој успешно се натпреваруваа на европските првенства во текот на 70-тите години на минатиот век. Оваа година, тие одбележуваат 50 години од моделот BMW 2002.

Моделот 2002 е првиот сериски модел на компанијата кој има турбо мотор. Во разните верзии, овој автомобил се произведувал од 1966 до 1975 година кога е претставена првата генерација на Series 3.

Концептот 2002 Hommage ги комбинира дизајнот на модерните автомобили со по некој ретро детаљ, како што е обликот на светлата или ознаката turbo на предната маска. Автомобилот е поставен на 20 инчни алу фелни, а широките нископрофилни пневматици се кријат под масивните проширувања на лаковите.

Со оглед на тоа дека е дизајнерска студија, баварската компанија не објави детали за моторот или пак за перформансите.

 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе

Откриена цената на првиот автомобил на Xiaomi: Вреди ли толку?

Читај повеќе