Културна револуција и авторска уметност на промотивниот настан – започнуваат Денови на Смилевскиот конгрес

Новата национална установа Манифестација „Денови на Смилевскиот конгрес“ преку неофицијална програма започна со славење на историјата и културата. Музичките настани кои се организираат во чест на Смилевскиот конгрес се своевидна културна револуција со израз на авторската уметност.

Директорот на установата, Владимир Деловски, нагласи дека концертот под името „Кооперација сешн“ е поттикнат од значењето на постојаната соработка на уметниците и културните работници преку која се оддава почит на традицијата и на македонскатра историја.

„Кооперацијата е како културна институција,како белег од минатиот век, ми се чини како познат извик од времето на моите родители, како повик кон ближен човек, што на истите струни ги произведува истите треперења. Новиот културен Смилевски конгрес, калем на историската вредност и прилагоден во новиот контекст и време, ја продолжува истата таа борба, овој пат културна борба“, рече Деловски пред публиката.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска присуствуваше на почетокот на одбележувањето на Смилевскиот конгрес, на настанот Кооперација, селското бифе – синоним на заедништво и кооперативност. Местото каде што новоформираната установа „Денови на Смилевски конгрес“ - Смилево започна да ги афирмира програмските идеи за промоција на историјата и традицијата на револуционерите од Илинденското востание.

Вечерва во кооперацијата се одржа првиот концерт од серијата „Кооперација сешн“, на кој настапија мистичната и харизматична „Мојра“ со маестралниот музичар Оливер Јосифовски („Љубојна“).

Министерката за култура ја поздрави иницијативата и за современиот приод за промоција на македонската култура, фолклор, историја и традиција со кој се отвораат нови можности за афирмација на историскиот настан, значаен за државата, но и се промоција на прекрасниот крај на Смилево.

„Кооперација сешн“, како што најавува организаторот е номадска платформа за квалитетна авторска музика, која ќе се изведува низ кооперациите во регионот.

Централната манифестација „Денови на Смилевскиот конгрес“ ќе се одржи на 17 и 18 мај во Смилево.

реклама

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе