Во болницата во Куманово утрово околу 2.20 часот бил донесен А.Н. (26) од село Никуштак, кумановско, со повреда од огнено оружје во пределот на левата натколеница.
По негово кажување повредата му била нанесена од страна на непознато лице, додека се движел пеш по патот село Никуштак – село Виштица.
Истиот поради карактерот на повредите со возило на брзата помош бил пренесен во Клинички центар, Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.