Шпаркастична наградна игра

Купувајте со картичките MasterCard од Шпаркасе Банка и освојте вредни награди

Од денеска започнува најновата Шпаркастична наградна игра во организација на Шпаркасе Банка Македонија, со богат фонд на награди за корисниците на дебитните и на кредитните картички од брендот MasterCard. Како главна награда банката доделува автомобил „опел астра“, како и други вредни награди, скутер „пјаџио либерти“и пет мобилни телефони „ајфон 7“.

Правилата за учество им овозможуваат на корисниците на картичките од брендот MasterCard да учествуваат со секоја поединечна трансакција во износ над 300,00 денари, направена во периодот од 01.11.2016 до 31.12.2016 година. Со секоја трансакција корисниците добиваат по една шанса за учество во наградната игра, а доколку трансакциите се направени со бесконтактната картичка Master Card Debit, дури и двојна шанса за учество.

Квалификувани за учество во наградната игра се сите полнолетни физички лица – државјани на  Република  Македонија (лица со и над 18-годишна возраст), кои се корисници на која било од дебитните или кредитните картички од брендот MasterCard издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Главното извлекување на наградите ќе се одржи на 13.1.2017 година со почеток во 12.00 часот, во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во присуство на комисија составена од тројца официјални претставници. За повеќе информации околу Шпаркастичната наградната игра, како и за правилата, посетете ја официјалната веб-страница www.sparkasse.mk или најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија.

Шпаркасе БанкаМакедонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.

Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со својата билансна сума од 14,4 милијарди евра, повеќе од 2.339 вработени и преку 239 експозитури и регионални центри опслужува речиси 680.700 клиенти.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе