Фудбал

Куртоа или Навас – од кого ќе се ослободи Зидан?

25. април 2019 - 20:48 | А.С.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, сосема отворено призна дека во текот на летото можно е да се раздели со еден од неговите двајца водечки голмани. Францускиот ментор, сепак, одби да наведе дали тоа ќе биде Тибо Куртоа или Кејлор Навас.

Во моментов, стартната позиција на Белгиецот изгледа полоша, бидејќи тој беше резерва во првиот меч на Зизу кога се врати во клубот.

Поранешниот играч на Челзи беше привлечен минатото лето, една година пред крајот на неговиот договор со тимот од Лондон. Неговата изведба досега не беше убедлива, а како дополнување, Кејлор Навас одигра 19 натпревари на сите турнири – повеќе отколку што сите очекуваа.

Костариканецот е дефинитивно зависен од довербата на Зидан, под чија насока тој е составен дел од трите последователни триумфи во Лигата на шампионите.

– Јас ќе разберам ако некој од голманите тука ме замоли да си замине следната сезона. Тоа може да се случи. Неодамна реков дека сум работел со трите најдобри голмани. Двајца од нив се тука сега, а третиот (синот на тренерот, Лука Зидан) е млад човек кој има многу светла иднина. Кејлор и Тибо се многу добри, но секогаш треба да изберам еден на сметка на другиот. Тоа е секогаш комплицирано за мене, бидејќи тргнувам од тоа што е најдобро за тимот, додаде Французинот.

Куртоа има 24 натпревари во Ла Лига за Реал Мадрид оваа сезона во која прими 30 гола и запиша 8 „суви“ мрежи. Навас прими 6 гола во своите осум дуели од шампионатот, во кој исто така запиша 3 чисти мрежи. Во просек од 90 минути, Куртоа прима 1,25 гола, додека Навас 0,75.

Коментирај