Филм & ТВ

Квентин Тарантино ќе стане татко

22. август 2019 - 9:31 | Кајгана/МИА
Познатиот режисер Квентин Тарантино (56) и неговата сопруга Даниела Пик соопштија дека го очекуваат нивното прво дете.

Тарантино и израелската манекенка-пејачка, која е 21 година помлада од него, периодов се на патувања заради промоцијата на неговиот нов филм „Once Upon A time In Hollywood“, кој досега заработи над 180 милиони долари.

Тие се венчаа кон крајот на минатата година, а се запознаа 2009 година, во Ерусалим, на промоција на „Inglourious Basterds“ на Тарантино. 

Тие почнаа врска во 2016 година, а во јуни 2017 година ја објавија свршувачката. Година подоцна се венчаа на интимна церемонија во Лос Анџелес.

Претходно, славниот режисер имаше изјавено дека нема да се ожени и да има деца бидејќи премногу е посветен на работата.

„Не велам дека нема никогаш да се оженам или да имам дете пред да наполнам 60 години. Но, веќе имам направено избор, засега по овој пат да чекорам сам. Бидејќи ова е моето време. Ова е моето време да правам филмови“.

Но, изгледа дека е веќе време Тарантино да стане татко, со оглед на тоа што најави и пензионирање.

Коментирај