Land Rover Defender Hard Top N1 на помош во Центарот за управување со кризи

Заради реализирање и имплементирање на дејност од јавен интерес, компаниите Ауто Валис Дистрибјушн и Аутомобили Гроуп, регионалниот увозник заедно со дистрибутерот на возилата Jaguar и Land Rover, отстапија на користење нов Land Rover Defender Hard Top N1 на Центарот за управување со кризи.

Целта е да се помогнат теренските активности на Центарот за управување со кризи во случаите на справување со природни непогоди како пожари и поплави.

Центарот за управување со кризи е инстутуција надлежна за превенција, рано предупредување и справување со кризи меѓу кои и спасување на загрозени лица од непристапни терени и во тешки временски услови, затоа Land Rover Defender ќе биде најиздржливиот и еден од најспособните сојузници на вработените на ЦУК.

Вработените на ЦУК годишно имаат над 100 интервенции низ Републиката. За полесно да одговорат на сите предизвици тие ќе имаат на располагање Land Rover Defender Hard Top N1: убедлива комбинација на теренски способности, практичност и товарен простор, импресивна носивост до 800 kg кај верзијата 110 и можност за влечење приколка до 3.500 kg со опција за прилагодување на внатрешноста. Без вториот или третиот ред седишта, Defender 110 Hard Top нуди товарен простор до 2.059 литри.

Според директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов оваа соработка им значи многу:

- Мило ни е е што компаниите Ауто Валис Дистрибјушн и Аутомобили Гроуп ја препознаа улогата која ја има ЦУК за навремена реакција, ефикасност и соодветно искористување на ресурсите што се на располагање во случај на итна или кризна состојба и предложија ваков вид на соработка. Ова возило ќе овозможи да им се помогне на сите граѓани на кои им е потребна помош на непристапен терен и тешки околности, но и да се поддржат проектите за заштита на животната средина– нагласи Стојанче Ангелов.

Директорот на Ауто Валис Дистрибјушн за регионот на Адриа, Милош Стефановиќ, со задоволство истакна дека оваа соработка е дел од еден поширок регионален и долгорочен проект. Land Rover Defender е возило кое може да стигне до сите терени, па во рамките на проектот веќе е отстапен за помош и користење на служби и организации за спасување во регионот, а отсега и во Северна Македонија.

Од Аутомобили Гроуп наведуваат дека како општествено одговорна компанија големо е задоволството да се поддржи ЦУК во нивната мисија:

- Неспоредлив, несопирлив, Land Rover Defender Defender ја има способноста којашто е потребна да се биде помеѓу оние кои имаат храброст да пружат помош, онаму каде другите не се осмелуваат, или не можат да одат – изјави Љупчо Георгиевски, бренд менаџер во Аутомобили Гроуп.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Промо

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Read more

Вложениот труд носи сатисфакција

Read more

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more
 

Ново

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе