Лауреати на Скопје за 2016: Томи Стефановски, ШК Алкалоуд, Раул, Лејно

Денеска во салата на Советот на Град Скопје беа прогласени најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2016 година.

Традиционално и оваа година, Градот Скопје и Сојузот на спортски федерации на Македонија ги наградуваат најдобрите спортисти на Скопје за 2016 година, односно се избираат најуспешните 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешните 5 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби.

На свеченоста се обрати Јован Лазарев, член на Советот на Град Скопје и претседател на Комисијата за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, и доделување на награди и признанија, кој го образложи целиот процес на носењето одлуки на оваа Комисија.

Дел од признанијата за најдобрите спортисти ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

„Ви честитам за трудот и залагањето во постигнувањето на вашите резултати, достигнувања што во континуитет ги афирмираат главниот град и Република Македонија. Чувствувам гордост, што како Градоначалник на Град Скопје денеска имам чест да Ве поздравам и да Ви честитам на вас спортистките и спортистите, тренерите, спортските работници и екипите што постигнавте завидни резултати на најсилни европски и светски натпревари, претставувајќи го достоинствено Градот Скопје и Република Македонија како најпродуктивните можни амбасадори. Градот Скопје и натаму ќе дава поддршка – финансиска, логистичка и морална, со цел и натаму да се радуваме и да ги славиме и идните спортски успеси“ кажа градоначалникот Трајановски.

Спортисти на годината на Скопје за 2016 година се:

1. Томи Стефановски – Пливачки клуб Бета
Шампион во генерален пласман во далечинско и маратонско пливање на FINA Гран При серија и победник на „Охридскиот Маратон 2016“.

2. Филип Панчевски – Шаховски клуб Алкалоид
Европски шампион со шаховскиот клуб Алкалоид на Европското клубско првенство во Нови Сад, Србија.

3. Милан Кубин – Кик боксинг клуб Гладијатор
Второ место во „Лоу Кик“ на Европско првенство за сениори во Лутраки, Грција.

4. Сара Ристовска – Женски ракометен клуб Вардар
3 место на FINAL FOUR турнирот во Будимпешта во Лига на Шампиони 2015/2016, член на сениорската репрезентација на Македонија која обезбеди бараж за настап на Светско првенство во 2017 година.

5. Наташа Стефановска – Карате клуб Макпетрол
5 место во Кумите во категорија до 61 кг. на Европско првенство во Монпеље, Франција.

6. Стојанче Стоилов – Ракометен клуб Вардар
Учесник на Лигата на Шампиони 2015/2016 и со својот клуб влезе во осумте најдобри европски клубови, капитен на Македонската сениорска репрезентација која ќе учествува на Светско Првенство во Франција во Јануари 2017 година.

7. Енес Смаилагиќ – Карате клуб Цветан Димов
7 место на Европско првенство за сениори во Монпеље, Франција и 1 место на Балканско првенство за сениори во Истанбул, Турција.

8. Дарко Велковски – Фудбалски клуб Вардар
Учесник со клубот во Лигата на Шамиони на UEFA во второто квалификациско коло, освојувач на шампионатот на Македонија за сезона 2015/2016, член на сениорската репрезентација на Македонија и со младинската репрезентација на Македонија У21, се пласира на Европското првенство за младинци У21 во Полска 2017 година.

9. Гоце Јанески – Боксерски клуб Аперкат
Освојувач на Златен Гонг Скопје 2016 и 2 место на Златна Ракавица, Србија.

10. Бобан Грнчаров – Фудбалски клуб Вардар
Учесник оваа сезона во Лигата на Шампиони на UEFA во второто квалификациско коло, освојувач на шампионатот на Македонија за сезоната 2015/2016 и еден од најдобрите одбранбени играчи во домашното првенство.

Најдобар млад спортист е Азис Исмаил од карате клуб Металург. Исмаил го освои третото место во категорија до 75 кг на Европско првенство за јуниори У21 Лимасол, Кипар.

Најуспешен тренер е Раул Гонзалес, кој со ракометарите на Вардар ја освои двојната круна во домашното првенство, во СЕХА лигата заврши на второто место, а во Лигата на шампионите играше во четвртфиналето.

Најуспешна екипа е Шаховскиот клуб Алкалоид, кој пред неполн месец стана европски шампион.

Голманката на Вардар, Амадин Лејно ја доби наградата за најдобар странец кој настапува во Скопје.

Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби е Трајче Стојановски, Државен првак на Македонија во пинг-понг. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе