Лавче истрчало среде пат во Србија

Луѓето со неверување гледале во животното кое излегло од пченките и застанало среде пат близу Суботица.

Во Чантавир, село до Суботица во Војводина, луѓето сѐ уште не можат да се соземат од она што го виделе. Лав излегол од полето со пченка, веднаш до патот. Возачите веднаш застанале на патот, излегле од автомобилите и со неверување погледнале во лавчето на сред пат, среде српските ораници.

„Нашиот сограѓанин Золтан утрово отишол на работа, а не ни помислувал дека ќе му се случи ситуација што не се случува секој ден. Додека се движел по патот за Чантавир, околу 10:20 часот забележал животно како го минува патот, а како што се приближувал забележал дека тоа не е животно како што гледаме во нашата околина. Испаднало младенче лав, женка, според првите проценки до 6 месеци, прилично исцрпена, не била агресивна... била 'кооперативна'“, пишува Subotica.com.

Набрзо застанале и други луѓе, па дошла и полиција. На крајот лавчето било преземено од вработени во Зоолошката градина Палиќ и пренесено во најблиската ветеринарна станица. Потоа привремено ќе биде сместено во Прифатилиштето за диви животни при Зоолошката градина Палиќ, една од четирите зоолошки градини во соседна Србија.

Remote video URL

Никој не знае како младата лавица завршила во полињата во Србија. Сите зоолошки потврдија дека не им фали животно, па во игра е теоријата дела лавчето било чувано приватно. Српските медиуми јавуваат дека според неговата состојба, веројано неколку недели лутало по полињата.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе