Лавров: Блинкен побегна, а јас сум тука, тие се кукавици, се плашат од разговори

Макфакс
/ 01.12.2023 / 14:59

Говорот на колегите министри на самитот во Скопје е доказ дека западните политичари не ја научиле лекцијата, порача на денешната прес-конференција првиот човек на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Лидерите на Западот, рече Лавров, ги игнорираат основните принципи на организацијата ОБСЕ.

„Македонскиот претседавач Бујар Османи промовира многу добар слоган, ‘Се работи за народот’, но вчера за време на работниот ручек им кажав на колегите дека верувам дека се работи за луѓето, но за сите луѓе од земјите од ОБСЕ. Тие се загрижени само за луѓето за кои имаат интерес. Да бидам искрен, јас сум свесен од резултатот на оваа мала борба, самитот е за одредена група на луѓе, не за сите“, истакна Лавров.

Преку информациите што деновиве беа присутни во јавноста за средбата со Блинкен, Лавров со одговор:

„Блинкен го одбегна митингот, а јас сум тука, не го видов тука, но Захарова ми покажа две фотографии во македонските весници. Првата од синоќа кога сите дојдоа на вечера, тие се фотографираа со Блинкен и тоа го направија за да кажат дека сите дојдоа, освен Лавров“.

„Од вчера, од утринската сесија, на која бев и јас, на фотографијата немаше украински министер, немаше полски. Тие се кукавици, се плашат од разговори тука пред сите. Ова е кукавичлак, поминаа две години од овој конфликт и видовме дека никој немаше аргументи за конфликтот“, додаде Лавров.

Тој на прес-конфренецијата упати и критики како за Западот така и за новинарите.

Рече дека е разочаран оти новинарите го прашувале „кога ќе ја запрете војната“ бидејќи, според него, тоа не е војна.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе