Лавров до Бајден: Сетете се на Кубанската криза

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека се надева оти американскиот претседател Џо Бајден има мудрост да се справи со глобален конфликт сличен на Кубанската ракетна криза во 1962 година.

Во интервју за документарен филм на руската државна телевизија за ракетната криза, Лавров рече дека има сличности со 1962 година, главно затоа што Русија сега е загрозена од западно оружје во Украина, објави Reuters.

„Се надевам дека во денешната ситуација, претседателот Џо Бајден ќе има повеќе можности да разбере кој и како ги издава наредбите. Оваа ситуација е многу вознемирувачка. Разликата е во тоа што во далечната 1962 година Хрушчов и Кенеди најдоа сила да покажат одговорност и мудрост, а сега не гледаме таква подготвеност од страна на Вашингтон и неговите сателити“, рече Лавров.

На прашањето што треба да направи Русија сега во актуелната криза, Лавров рече: „Подготвеноста на Русија, вклучително и претседателот Владимир Путин, за преговори останува непроменета“.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа одби да ги коментира изјавите на шефот на руската дипломатија, но укажа на претходните изјави за одржување на отворени линии за комуникација со Москва.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе