Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Пред неколку дена на YouTube беше споделен лажен трејлер за продолжение на филмскиот серијал за Џејмс Бонд, а создаден е со помош на вештачка интелигенција.

Фановите го сакаат Хенри Кавил во улогата на агентот 007, а Марго Роби како Бонд девојка.

Насловен „Bond 26“, трејлерот направен од фановите содржи „различни ефекти, дизајн на звук, технологии за вештачка интелигенција, филмска анализа и други елементи“ за да изгледа веродостојно. Во описот се наведува и дека видеото е создадено за забавни цели и не е засновано на некој тековен проект.

Сепак, се чини дека обожавателите на франшизата за тајниот агент беа воодушевени од идејата Хенри Кавил да ја има главната улога покрај Марго Роби, која е една од најпопуларните актерки на денешницата.

„Го сакаме него!“, „Хенри Кавил како 007 е сè што ни треба“, се дел од коментарите, а фановите напишале и дека актерот навистина треба да стане новиот Џејмс Бонд и дека популарноста на ова видео ќе ги убеди продуцентите да го сметаат за наследник на Даниел Крег.

Меѓу наведените причини зошто Кавил би завршил исклучителна работа како 007, обожавателите наведуваат дека актерот бил дел од многу акциони и адреналински филмови, вклучувајќи го Mission: Impossible – Fallout. Затоа, не би требало да му биде тешко да го игра Бонд.

Remote video URL

Говорејќи во шоуто The Rich Eisen Show, Кавил претходно се осврна на желбите на обожавателите тој да биде следниот Бонд.

„Сè што знам се гласини. Ги имам истите информации што ги имате вие“, рече Кавил, додавајќи: „Можеби сум премногу стар сега или можеби не сум. Ќе видиме какви се плановите“.

Сепак, британските медиуми неодамна објавија дека продуцентите го избрале актерот Арон Тејлор-Џонсон за наследник на Даниел Крег.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Филм & ТВ

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе