ЛДП со предлог: Пасошите да важат до истекот на нивниот рок со печат на Северна Македонија

Во настојувањето да се олесни движењето на граѓаните на Република Северна Македонија надвор од границите на државата и проблемите со кои се соочуваат при патувањата, но и престој во странство, пратениците на Либерално демократската партија предлагаат дополнување на Законот за патните исправи.

„Предложените дополнувања се насочени кон унапредување на патните исправи и дефинирање јасни правила за државјаните на земјата, при што ќе се овозможи непречено движење на граѓаните надвор од границите и повторно враќање во неа со поседување валидна патна исправа, односно патна исправа која содржи печат на Република Северна Македонија, со која државата го потврдува идентитетот на лицето и важи до истекот на рокот на важноста на патната исправа“, појаснуваат од ЛДП.

Според партијата, оваа иницијатива е мотивирана од потребата за доследно почитување на уставно загарантираните права на слобода на движење. Промените се предложени по итна постапка поради нивната значајност за основните човекови права и не донесуваат дополнителни финансиски импликации на буџетот ниту на граѓаните ниту, пак, на државата.

„За нас, секој е важен и сметаме дека патната исправа, која важи како потврда со која државата гарантира за идентитетот на нејзиниот сопственик, може да биде валидна и со печатот Република Северна Македонија до истекот на рокот на важноста, а потоа да биде соодветно заменета на нов образец. Со ова сметаме дека не се нарушува Преспанскиот договор, кој доведе до исполнување на државната цел – членството во НАТО“, додаваат од ЛДП.

Тагови
реклама

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Македонија

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Read more

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more
 

Вести

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе