Кошарка

Леброн направи подвиг што не му успеа ни на Џордан

9. ноември 2019 - 18:47 | А.С.

Леброн Џејмс во синоќешната победа на Лос Анџелес Лејкерс над Мајами (95:80) постигна 25 поени и со тоа повторно се запиша во историјата.

Џејмс стана само третиот играч кој во кариерата на 1.000 натпревари постигнал најмалку 20 поени.

Пред него, тоа успеале да го остварат само Карл Малоун (1.134) и Карим Абдул-Џабар (1.122).

Колку за споредба, тоа не му успеа ни на најдобриот кошаркар на сите времиња – Мајкл Џордан.

Тој во кариерата постигна по најмалку 20 поени на 926 натпревари. Коби Брајант, уште еден великан во НБА, тоа го постигна на 941 натпревар.

Коментирај