„Лед Цепелин“ повторно на суд поради плагијат

Легендарната британска рок група „Лед Цепелин“, повторно ќе мора да оди на суд после одлуката на американскиот суд да биде одржано ново судење, поради плагијат на легендарната песна „Stairway to Heaven“ од 1971 година.

Апелациониот суд во Сан Франциско процени дека судењето од 2016 година било полно со процедурални грешки.

Судот во 2016 година ја разгледуваше тужбата поднесена против британскиот бенд, за кршење на авторски права, наведувајќи дека почетните ноти од славната песна не се дело на гитаристот Џими Пејџ, туку составен дел од песната „Taurus“ на калифорнискиот бенд „Спирит“ од шеесеттите години.

Тужбата не ја поднесе овој бенд од Калифорнија, туку нивните наследници.

Судот тогаш одлучи во корист на британскиот бенд.

Песната „Taurus“ во 1968 година ја издаде бендот „Спирит“, а авторот на таа песна, односно гитаристот на групата од Калифорнија, Ренди, и од порано во неколку наврати истакнуваше дека „Лед Цепелин“ неколку пати настапувале на исти места како и групата „Спирит“, како и тоа дека групата можела да ја слушне таа песна.

Песната „Taurus“ трае две минути и 37 секунди, а во хитот на „Лед Цепелин“ се слуша една минута од таа песна и тоа на самиот почеток.

„Тие момци заработија милиони долари, а не ни кажаа ниту благодарам“, рече гитаристот Ренди во 1997 година, кој потоа почина истата таа година.

Од друга страна, други музичари сметаат дека „Лед Цепелин“ плагирале уште три нивни познати песни и тоа „Babe I’m gonna leave you“, „Dazed and confused“ и „Lemon song“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе