Легендарниот музичар Дејвид Боуви, почина на 69 годишна возраст по 18-месечната борба со ракот, и по само неколку дена од издавањето на неговиот последен албум, Blackstar. Неговиот портпарол изјави дека пејачот и актер починал опкружен со фамилијата, по храбрата 18-месечна борба со ракот.
Веста ја потврди и неговиот син Данкан Џонс, режисерот на филмот Moon и на претстојниот Warcraft филм.
Смртта на Боуви е шок за голем дел од неговите фанови кои не беа запознаени дека води битка со ракот.
Во текот на својата кариера тој неколку пати целосно го промени својот имиџ и музика, а во 2003 година се повлече од јавноста. Но по 10 години „во пензија“ тој се врати со неговиот 24 албум, The Next Day кој се појави во 2013 година.
Неговиот последен албум, Blackstar се појави пред само неколку дена, а веднаш се искачи на врвот на англиската и американската топ листа за најпродавани албуми.