Лесни начини да ја избегнете настинката

 Во зимскиот период почесто сме подложни на настинки, токму затоа треба добро да се подготвиме и силно да го подобриме имуниот систем. Овие неколку начини ќе ви помогнат полесно да ги избегнете вирусите и настинките.

1. Често миење на рацете

За да бидат чисти и без вируси рацете треба да ги миете со сапун минимум 15 секунди. Кога настинатите луѓе кашлаат и киваат испуштаат малечки капки на површините со вируси. Тие вируси може да ги добиете кога ќе ги допрете површините. Ако си го допрете лицето пред да ги измиете рацете, бактериите се веќе во вашиот систем.

2. Пијте повеќе течности

Кога ве гребе грлото или ви тече носот, пијте топли, вкусни напивки како чаеви, овошни сокови или млака лимонада со мед.

„Овие напивки ќе ги олеснат болките во грлото и кашлицата“, вели Рон Еклес, директор на Common Cold центарот.

Но, сите пијалаци го немаат истиот ефект.

3. Покривајте ги устата и носот

Кога надвор е студено, вие се облекувате топло, но заборавате на носот, кој не е заштитен. Изложувањето  на ниски температури го намалува отпорот на вируси присутни во носните шуплини. Тоа ја зголемува шансата за инфекција. Најдоброто решение да се заштитите е покривањето на носот и устата со шал.

4. Затоплете ги прстите

Истражувањата покажале дека ладните стапала можат да ја намалат отпорноста на вирусите. Истражувачите од Common Cold центарот направиле студија во која откриле дека стапалата на луѓето се особено сензитивни на студ и тоа може да доведе до појава на различни симптоми на настинка.

5. Избегнувајте антибиотици

Освен што немаат никаков ефект на настинките, антибиотиците можат да предизвикаат други идни проблеми.

„Кога непотребно користиме антибиотици, шансите за бактериите да станат отпорни во лекувањето се зголемуваат“, вели д-р Паси Петинен од Европскиот центар за болести и превенција во Стокхолм.

6. Користете пробиотици

Пробиотиците – живи микроорганизми, освен за подобрување на дигестивниот систем, помагаат и како помош за зголемување на имунитетот, пишува RidersDigest.

Истражувачи во Кореја откриле дека јадењето јогурт со пробиотици најмалку три месеци пред сезоната на грип може да помогне во заштитата од настинки.

„Не е потребно да јадете ваков јогурт секој ден во годината, туку само пред сезоната на настинки, вели Марилес Карш-Вол од Техничкиот универзитет во Минхен.

Lactobacillus и Bifidobacterium видовите се најчесто микроорганизми во јогуртот.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Здравје

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе