Лесно активирајте го God Mode во Windows 10 и Windows 11

Многумина веќе се запознаени со God Mode функцијата Windows, а за оние кои не знаат - еве како да ја активираат.

Windows God Mode поставува икона на работната површина на компјутерот на корисникот, давајќи брз пристап во два чекора до сите поставки, со повеќе од 200 достапни менија.

Windows God Mode првпат се појави во Windows Vista во 2007 година. Оттогаш остана непроменет и може да се активира и во Windows 10 и во Windows 11. Менито God Mode лесно се креира, но може да биде тешко да се запомни бидејќи бара внесување на долга група знаци.

За да го активирате Windows God Mode, следете ги овие два чекора:

* Десен клик на работната површина и изберете Create Folder

* Преименувајте го името на фолдерот во GodMode.{ED7BA470-8E54-465E-825C-99712043E01C}

Откако ќе го преименувате фолдерот, неговата икона ќе се претвори во мал control panel. И тоа е тоа - го активиравте God Mode.

God Mode може да биде корисен ако не сакате да го користите Windows Control Panel, односно менито Settings, кое постојано се менува. God Mode е всушност прекар за Windows Master Control Panel shortcut, кој Windows God Mode го доби од блогерите во 2010 година.

Друга предност на Master Control Panela е тоа што ви овозможува лесно да креирате кратенки за која било поставка.

Списокот на достапни опции е долг, но нема сомнеж дека God Mode ќе им овозможи на сите да најдат нешто ново и корисно, што ќе го направат достапно со само еден клик.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Софтвер

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Read more

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Read more

Новата верзија на ChatGPT може да флертува и да ги учи корисниците математика

Read more

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Read more
 

Гик

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе