Лестер му врачи отказ на Клаудио Раниери

Актуелниот англиски шампион Лестер се раздели со тренерот Клаудио Раниери, човекот кој пред девет месеци на клубот му ја донесе историската титула, објави BBC Sport.

Отказ за Клаудио Раниери и покрај освоената титула беше очекуван епилог, бидејќи тимот оваа сезона се бори за опстанок во Премиер лигата, иако тимот игра добро во Лигата на шампионите.

Веста ја потврди и клубот, а медиумите во Англија засега не шпекулираат со имињата на можниот наследник на италијанскиот стратег.

„Неговиот статус како најуспешен менаџер во историјата на Лестер засекогаш ќе остане непроменета, тука нема дилеми. Меѓутоа, резултатите во домашното првенство го доведоа во прашање премиерлигашкиот статус во опасност, поради што сметаме дека оваа одлука е вистински решение“, стои во клупското соопштение.

Инаку Лестер сезонава игра добро во Лигата на шампионите, каде стана првиот дебитант кој победил на стартните пет натпревари во групата, но работите во Премиер лигата одат лошо за тимот кој до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок.

Лестер на 25 натпревари во Премиер лигата има само пет победи, шест нерешени и 14 порази, па со 21 бод се наоѓа на 17-то место со само два бода повеќе од двете последни екипи Кристал Палас и Сандерленд и бод повеќе од 18-от Хал.

Лестер е во опасност да стане првиот тим уште од 1938 година кој по освоената титула, во наредната сезона испаднал од елитата.

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе