Летување во Грција само ако ги поминете „петте одбранбени линии“

Во серија интервјуа за високотиражни странски дневни весници, грчкиот министер за туризам Харис Теохарис, кој е во обиколка на земјите од каде редовно доаѓаат гости во Грција, го претстави планот на Владата за отворање на туризмот.

Министерот за вчерашното издание на Frankfurter Allgemeine Zeitung повтори дека планот е Грција да започне да прима странски гости годинава на 14 мај, што зависи и од состојбата во која тогаш ќе биде пандемијата. Тој додаде дека со иста состојба - ако епидемиолошките податоци се поволни, за патниците „од некои пазари со голем процент на вакцинирани, сакаме да го отвориме нашиот туризам веќе во средината на април“.

Теохарис пред германскиот весник ги претстави и „петте одбранбени линии“ на Грција, односно условите за влез на патници и престој во Грција.

„Првата одбранбена линија“ е дека секој странски турист мора да има потврда дека или бил вакциниран против коронавирусот, или дека оздравел по заразување со вирусот, или дека мора да покаже негативен резултат на тест за коронавирус.

Втора одбранбена линија е дека самите ќе ги тестираме туристите по пристигнувањето“. Оваа стратегија за контрола ќе биде насочена особено кон оние кои доаѓаат од земји каде што имало „концентрација на позитивни случаи“ претходниот ден.

„Третата одбранбена линија“ на Грција е дека веднаш ќе се ставаат во карантин туристите со позитивен резултат на тестот, а потоа ќе бидат подложени на подетален PCR тест“.

„Четвртата одбранбена линија“ се „општите правила за безбедност, како што се задолжителна употреба на маска или одржување на социјална дистанца, ограничувања во ресторани, автобуси, како и при туристички патувања и разгледувања“.

Последната, „петта одбранбена линија“ е, подвлече министерот, дека „сите треба да ги следат истите правила како Грците“.

„Доколку има обврска грчките граѓани да носат маска, истото ќе важи за сите, без оглед дали се вакцинирани или не“, нагласи министерот.

Теохарис рече дека вакцинирањето на персоналот во грчкиот туристички сектор исто така ќе помогне во заштитата од инфекција:

„Тие ќе бидат вакцинирани како приоритет веднаш по постарите и високоризичните пациенти“, најави тој.

Балканските земји се на списокот добредојдени гости

Министерот најави и можно продолжување на годинашната туристичка сезона.

Како што очекува, „од септември, проблемот со вакцинацијата ќе биде решен и ќе има голема туристичка побарувачка што дотогаш нема да биде задоволена, а некои ќе сакаат да дојдат во октомври или ноември“, за што Грција веќе се подготвува.

Говорејќи за германски Die Welt, Теохарис рече дека во однос на слободното движење на туристите во Грција, „нема да има дискриминација на посетителите кои не биле вакцинирани. На сите луѓе ќе им биде дозволено да патуваат“ низ Грција.

Теохарис исто така рече дека Германците се на прво место за грчкиот туризам, а веднаш потоа следи Велика Британија. Министерот рече дека „германските туристи не мора да се вакцинираат за да го поминат одморот во Грција“, но „доволен им е негативен тест за коронавирус“.

Во интервју за шпанскиот весник El Mundo, одговарајќи на прашањето за категориите посетители на кои Грција им се обраќа како приоритетни пред почетокот на летната сезона, министерот ги посочи туристите „пред сѐ од Германија и Велика Британија, додека Франција, Италија, Русија, САД и балканските земји се вторите главни пазари за нашиот туристички сектор“.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Живот

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Read more

Направи магија вредна 500.000 денари

Read more

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Read more

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Read more
 

Магазин

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе