Фудбал

Левандовски смета дека не ја освојува Златната топка бидејќи е Полјак

3. декември 2019 - 17:10 | Ф.З.

Роберт Левандовски смета од старт шансите за освојувањето на Златната топка секоја година му се мали само поради фактот што доаѓа од Полска.

Голгетерот на Баерн заврши на осмото место на вчерашното доделување на Златната топка. Вели дека не се чувствува разочарано, бидејќи како што подоцна ќе изјави, не ни очекувал да победи бидејќи како фудбалер кој доашѓа од Полска од старт нема еднакви шанси со останатите.

„Не се чувствувам разочарано, многу среќен што сум во Париз во вакво друштво. Ова е различна средба од оние кои ги имаме на теренот. Се гледаме на различно место, во различна облека, во друга атмосфера. Има разочарувања и изненадувања во гласањето и токму поради тие причини не се потресувам многу“ почна Роберт во интервју за полскиот канал TVP Sport.

„Не ни очекував да сум на повисоко место. Верувам дека она што го правам сезонава ќе ми се исплати наредната година. Работам смирено и не жалам за ништо. Уште еднаш би сакал да повторам дека сум многу среќен што воопшто сум тука“.

„Што би можел да направам за да бидам погоре догодина? Треба да додадам нешто. Дефинитивно ќе направам нешто плус, но знам дека можам многу повеќе да освојам со клубот, а ме чека и ЕУРО 2020 со националниот тим. Имам мои амбиции, секогаш сакам да победувам, но исто така сум и свесен дека како човек што доаѓа од Полска треба местото во оваа група да го гледам поинаку“, заврши Левандовски.

Коментирај