Хардвер

LG најави лебдечки Bluetooth звучник

27. декември 2016 - 9:29 | Д.П.

LG неодамна најави нов, лебдечки звучник кој ќе ја носи ознаката PJ9 и ќе биде претставен на Consumer Electronics Show - CES. Звучникот дава одличен звук во сите насоки, а лебди во воздухот благодарение на електромагнетизмот.

Самиот звучник има јајцевидна форма, додека големиот вуфер кој е дел од него има цилиндричен облик. PJ9 е достапен во бела боја, а неговата батерија трае 10 часа.

Компанијата соопшти дека кога батеријата ќе се испразни, лебдечкиот звучник се спушта на централниот дел на базата. Звучникот подржува безжично полнење и е водоотпорен.

Засега нема информации кога треба да стартува продажбата и колку ќе чини.

Коментирај