Мобилни

LG во февруари ќе претстави нов смартфон

12. јануари 2017 - 9:37 | Д.П.

По успешниот модуларен модел G5, LG планира да ја смени стратегијата и да претстави немодуларен модел кој ќе ја има ознаката G6, со голем екран и водоотпорност.

Смартфонот треба да биде претставен на 26 февруари, еден ден пред стартот на Mobile World Congress во Барселона, а продажбата ќе стартува на 10 март.

LG Display, компанијата која ги произведува екраните за смартфоните на LG и за други производители, најави дека ќе користи 5,7 инчен LCD екран со QHD+ резолуција од 2.880х1440 пиксели.

Тоа е нов екран во однос на оној што го користи LG G5 кој има резолуција од 2.560x1440 пиксели. Смартфонот треба да има мала рамка, што значи дека 5,7 инчниот екран ќе биде сместен во релативно мало куќиште.

Од LG Display тврдат дека екранот е потенок и полесен од претходно, како и дека е поосетлив на допир.

Претпоставките се дека моделот ќе користи Snapdragon 835 процесор, а ќе има и 6 GB RAM меморија.

Коментирај