Лидерот на ИСИС се јави во ново видео после пет години

Терористичката организација Исламска држава (ИСИС/ИДИЛ) објави видео со човек за кој тврди дека е нејзиниот лидер Абу Бакр ал-Багдади, кој ветува дека ќе бара одмазда за изгубената територија.

Ал-Багдади не се појавил од 2014 година кога од Мосул го прогласи создавањето на „калифатот Исламска држава“ на делови од Сирија и Ирак.

Во новата снимка, Ал-Багдади го признава поразот во Багуз, последното упориште на групата во регионот.

Не е познато кога е снимено видеото, а ИСИС тврди дека е снимено во април годинава.

Снимката беше објавена на медиумската мрежа на групата, al-Furqan.

Портпарол на Стејт департментот на САД соопшти дека снимките ќе бидат анализирани за да се утврди автентичноста и додаде дека коалицијата предводена од САД останува посветена на намерата „сите лидери на ИД кои останаа да бидат изведени пред лицето на правдата“.

Што вели Ал-Багадади во видеото?

Лидерот на ИД вели дека ветена му е поддршка и верност од милитантите во Буркина Фасо и Мали и зборува за протестите во Судан и Алжир, велејќи дека „џихадот е единственото решение за тираните“. Во овие две земји имаше државни преврати во кои беа симнати од власт нивните долгогодишни владетели.

Кон крајот на видеото се појавува слика на Ал-Багдади и аудиоснимка наводно со неговиот глас, како зборува за нападите на Шри Ланка за Велигден, што укажува дека тој дел бил снимен и додаден откако било снимено главното видео.

Тој вели дека нападите во Шри Ланка биле одмазда за падот на сирискиот град Багуз. Во својата објава за видеото BBC потсетува дека во првичното преземање на одговорноста за нападите во Шри Ланка, ИД не го спомнува овој град.

Ал-Багдади, чие вистинско име е Ибрахим Авад Ибрахим ал-Бадри, последен пат се има јавено со аудиоснимка минатиот август.

Последно јавно појавување имаше во 2014 година и оттогаш за него имаше само лажни објави дека загинал и неколку непотврдени аудиопораки.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе