Lilium Jet: Такси од иднината
Германската стартап компанија Lilium претстави прототип на летечко такси кое според компанијата се очекува да функционира низ повеќе градови во светот, во 2025 година.
Компанијата прикажа прототип на такси со пет седишта кое ќе се движи на електричен погон, пренесува CNN. Се наведува дека таксито овој месец имало пробен лет, а со едно полнење на батеријата може да мине 300 километри. Патниците преку апликација ќе можат да резервираат меѓуградски летови.
Комерцијалниот директор Ремо Гермеб вели дека оваа иновација е предвидена за обичниот свет, а не само за богаташите.