Лисица се прошета по московски аеродром
Лисица влезе и шеташе по терминалот на еден од четирите аеродроми близу Москва.
Неколумина од патниците кои беа на терминалот успеаја да го снимат збунетото животно кое упорно пробуваше да излезе од лавиринтот во кој се најде. Снимката е направена на 30 септември на аеродромот Домодедово, еден од четирите московски аеродроми и воедно меѓу најголемите во Русија.
Аеродромската управа подоцна излезе со соопштение дека лисицата успеала да најде излез. Не знаат како воопшто влегла во терминалот.