Литванија осма членка на НАТО што го ратификува Протоколот за прием на Северна Македонија

Скопје, 14 март 2019 (МИА) – Литванија со 92 гласа „за“ го ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

На пленарната седницата присуствуваше и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Во обраќањето пред литванските пратеници, Џафери рече дека Литванија со чинот на ратификација на Протоколот, само ја потврди на дело искрената и безрезервна поддршка што во текот на сите минати години ни ја даваше.

Потенцира дека сите државни институции, сите чинители во општеството и невладиниот сектор, несебично се ангажираат и придонесуваат во насока на правење реформи во сите области од општествениот живот,  процес што воопшто не е лесен меѓутоа, , како што рече, имаме јасна цел пред нас и знаеме што сакаме да постигнеме, односно, сакаме да ја исполниме нашата одамна усвоена стратешка цел, полноправно членство во НАТО и во ЕУ.

-Со оглед на добро познатите препреки, се концентриравме максимално на затворањето на прашањата што го оптоваруваа нашето патешествие кон постигнувањето на овие наши цели, потпишавме Договор за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија и ја потпишавме Конечната Спогодба за решавање на спорот околу името со Република Грција. Не беше воопшто лесно, меѓутоа разумот, визијата за безбедна и просперитетна иднина победија, победија за доброто на граѓаните, за доброто на државата и на целиот регион. Нашите граѓани заслужуваат да бидат среќни граѓани, со еднакви права и слободи, со европски вредности и стандарди, со исти можности и шанси. И не бевме и не сме сами на ова патешествие. Секогаш биле до нас нашите вистински пријатели и партнери и за тоа сме неизмерно благодарни, рече Џафери.

Тој потенцира дека напорите не биле задлудни и дека сега сме во фаза на изодување на последните километри пред полноправното членство во НАТО и отворањето на преговорите за членство во Европската Унија.

Изрази надеж дека до крајот на оваа или почетокот на следната година протоколот за полноправно членство на Република Северна Македонија во НАТО, ќе биде ратификуван во сите 29 национални парламенти и со тоа ќе станеме триесетта  членка со сите права и обврски што ги има секоја членка на НАТО.

Џафери претходно имаше средба со шефот на дипломатијата на Литванија Линас Линкевичиус, кој ја повторил силната поддршка од Вилнус за интеграција на Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

Линкевичиус изразил задоволство што Литванија е меѓу првите земји членки на НАТО што го ратификува Договорот, како и за помошта што како дел од Вилнус групата и ја даваше на земјата во процесот на интеграција во Алијансата.

Го поздравил и историскиот Договор од Преспа кој му го отвори патот на Скопје кон НАТО и ЕУ, и ја зацврстува стабилноста и безбедноста на регионот.

Шефот на литванската диполоматија изразил и надеж дека земјата во јуни ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Литавнија е осмата земја членка на НАТО која го ратификува Протоколот. Прва тоа го стори Грција, по неа и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, а вчера и Романија.

Земјите членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе