ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Ливерпул го договори најскапиот трансфер во аналите на Премиер лигата

Трансфер вреден 127 милиони евра е договорен во пресрет на стартот на новата сезона од англиската елита помеѓу Ливерпул и Брајтон.

Ливерпул не претеруваше со трошењето во тековниов преоден рок, а потоа во пресрет на стартот на Премиер лигата реши да го одврзе кесето и со доведувањето на Мојсес Каиседо да го направи најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата, со оглед на тоа што за играчот од средниот ред на Брајтон ќе искешира дури 127 милиони евра.

Челси минатата сезона го сакаше постојаниот стартер на Брајтон, но неговата понуда беше посиромашна за помалку од 12 милиони евра, па момчето од Еквадор ќе биде под тренерска команда на Јирген Клоп. Штом ги договори условите за соработка со повеќекратниот европски првак и ги мине задолжителните лекарски прегледи.

Претходно, Ливерпул најмногу пари потроши за Вирхил ван Дијк (84.650.000) во 2018 година, додека премиерлигашкиот рекорд од ваков тип го држеше Енцо Фернандес, чиј трансфер од Бенфика во Челзи чинеше 121 милион евра.

Инаку, Брајтон го донесе Каиседо за „само“ 5 милиони евра од Индепендиенте дел Ваље во февруари 2021 година, што прво му се исплатеше многукратно на теренот, а сега и финансиски.

URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе