Со дискреција дури и кога се во прашање родителите, во некои средни училишта во Англија девојчињата имаат пристап до контрацепција, пилули за „ден потоа“ и совети за полово преносливи болести. Моделот е веќе применет во некои училишта во Вирал и Ливерпул, подрачја со висок процент на затруднети малолетнички.

Станува збор за владина стратегија со која се настојува да бидат отворени поликлиники за полово здравје во секое средно школо и на секој факултет во Англија. Учениците додуша ќе бидат поттикнати на родителите да им соопштат за посетата на поликлиниките, но родителската согласност не е неопходна.
Здравствените власти веќе ги известија родителите дека не мора да бидат известени ако нивната ќерка подлегне на тест за бременост или и е препишана пилула за „ден потоа“.
Со ова властите сакаат да го намалат бројот на несакани бремености и абортуси меѓу тинејџерите, но критичарите сметаат дека вака единствено ќе се поттикне малолетничкиот секс и промискуитетот.
Британија има највисока стапка на малолетничка бременост во Европа. На пример, во Ливерпул на илјада средношколки во просек забременуваат 59.
Тестовите за бременост ќе може да ги користат девојчиња со минимална возраст од 11 години!
Б.И. | Кајгана