Заведувањето е секогаш проследено со многу несигурност и дилеми, па за да го направат полесно и поуспешно, стручњаците постојано нудат разни совети. Еден од нив е и дека жената треба да се насмее 35 пати во еден час, за да го охрабри мажот да и' пријде.

Ендру Трис во својата книга “Decoding Love“ се обидува да одговори на бројните прашања кои поминуваат низ женските глави кога сакаат да го привлечат вниманието на потенцијалниот партнер.
Поглед и насмевка чуда прават
Една од поинтересните теории изнесени во оваа книга е дека жената, за да му стави до знаење на мажот дека е заинтересирана за него, треба да му праќа погледи од време на време или поточно 35 пати во еден час, а уште поефективно е доколку погледите се придружени со насмевка. Имено, не се препорачува жената да му приоѓа на мажот, туку мора да чека и да му стави до знаење дека е заинтересирана.
Значи, на мажите им треба охрабрување, и тоа во големи количини. Насмевката ќе го привлече неговото внимание, а што почесто жената гледа во негов правец, тоа ќе биде посигурен дека смее да и' пријде. Ендру во својата книга вели дека според истражувањата оваа тактика на заведување се покажала како поуспешна од многу други.
Мислите дека не сте убави? Ако, пак насмевнете се
Според “Decoding Love“, ниту жените кои себе си не се сметаат за привлечни или убави не треба да се грижат, затоа што погледот и насмевката решаваат се'. Истражувањата покажале дека мажите не им приоѓаат почесто на привлечните жени, туку на оние кои им праќаат најмногу сигнали дека смее да им пријдат.
Да, не е лесно да се насмееш 35 пати во еден част, ама штом така тврдат стручњаците зошто да не се обидете. Смеењето е барем бесплатно, корисно за здравјето и не боли (освен во случаите кога од премногу усилено смешкање може да ве заболат мускулите на лицето).
И.Е. | Кајгана