Останати спортови

ЛОИ: Србија го освои златото во ватерполо

21. август 2016 - 10:13 | И.М.

Ватерполистите на Србија ја освоија првата олимписка титула откако во финалето ја совладаа Хрватска со 11-7.

Најефикасен играч беше Душан Мандиќ од победничкиот тим, со четири постигнати погодоци.

Со оваа титула, српската ватерполо репрезентација стана носител на титулите европски, светски и олимписки шампион.

Во борбата за бронзеното трето место, Италија ја совлада Црна Гора со 12-10.

Коментирај