Лорде најави нов албум со синглот Green Light
Светски познатата, а сепак мистериозна млада музичарка Лорде го објави новиот сингл со видеоспот и со тоа го најави камбекот на музичката сцена.
Веќе некое време се ширеа гласини дека Лорде подготвува нов албум, втор по дебито Pure Heroine од 2013 година. Лорде, чие вистинско име е Ела Јелич-О’Конор, имаше само 16 години кога стана музичка сензација со хитот Royals. Синглот е најава за новиот албум Melodrama.