Хроника

Ловџија во битолско застрелал маж „од невнимание“

9. септември 2019 - 16:51 | МИА

Вчера околу 22:30 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Габалавци, битолско, на место викано „Бакици-нива“, Р.М.(38) од с.Габалавци заедно со Љ.Н.(56) и Г.А.(33) и двајцата од с.Логоварди, битолско се упатиле кон нива сопственост на Р.М.

Љ.Н. со себе понел и ловечка пушка за која поседувал дозвола со цел лов на диви свињи.

Кога стигнале на местото на настанот Г.А. останал во патничкото моторно возило во сопственост на Р.М., додека Р.М. и Љ.Н. се упатиле кон нивата, при што околу 23,00 часот, според пријавеното, Љ.Н. испукал кон Р.М., според пријавеното, од невнимание.

Р.М. бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му била укажана лекарска помош, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментирај