ЛШ: Гвардиола со Баварците против војската на Симеоне

Вечерва по натпреварот во Минхен ќе биде познат првиот финалист во фудбалската Лига на шампиони. На „Алијанц Арена“, полуфиналниот реванш ќе го одиграат Баерн и Атлетико. Минимална предност по првиот меч има мадридскиот тим.

Михенски Баерн, еден од најсилните европски клубови, во изминатите две сезони Лигата на шампионите ја завршуваше во полуфиналето. Реал и Барселона беа непремостливи пречки за Пеп Гвардиола и неговите фудбалери во претходните две сезони.

Судбината и во третата сезона, која воедно е и последна за Гвардиола како тренер на Баерн, на Баварците ќе им ја донесе шпански претставник.

Полуфиналето со Атлетико е последна шанса за Гвардиола да ја освои европската титула во Баерн.

Баварците, од поразот 0:4 во полуфиналето против Реал во 2014 година, победиле на сите 11 натпревари на домашен терен во Лигата на шампионите, иако во претходните две рунди мораа да вложат максимални напори за да слават против Јувентус, односно Бенфика.

Баерн 18-ти пат игра полуфинале во Лигата на шампионите и досега има позитивен скор 10-7. Во досегашните десет полуфинални соочувања со шпански тимови, Баерн седум пати успеал да мине во финалето. Исто така, Баварците пет пати минале натаму кога првиот меч го загубиле со 1:0, а двапати испаднале.

Атлетико ќе се обиде третпат во историјата да стигне до финалето. Тимот од Мадрид нема победа во двете учества во финалето (1974 Баерн и 2014 Реал).

„Со многу оптимизам го очекуваме реваншот. Сите сме убедени дека можеме да стигнеме до финалето“, изјави капитенот на Баерн, Филип Лам, а дефанзивецот Џером Боатенг додава: „Ние сме силен и моќен тим, особено кога играме на домашен терен. Веруваме дека можеме да стигнеме до финалето. Сигурно нема да биде лесно, но мораме да бидеме трпеливи и да ја чекаме својата шанса“.

Баерн против себе ќе го има најдобриот дефанзивен тим во Европа. Атлетико во 11 натпревари во Лигата на шампионите примил само пет голови, додека во Примера на 36 натпревари Јан Облак е совладан само 16 пати.

„Го сонувам победничкиот пехар. Знам дека сé уште сме далеку од него, но го сонувам европскиот трон“, вели Фелипе Луис, а најдобриот асистент во тимот на Атлетико, Коке, додава: „Нема да биде лесно. Меѓутоа нема да има никаков компромис. Против Барселона покажавме дека сме подготвени за високи дострели“.

Атлетико во Минхен доаѓа со низа од седум победи (шест во првенството и една во Лигата на шампионите), а на шест од овие седум натпревари не примил гол. Јан Облак сезонава е несовладан на 24 натпревари, што преставува клупски рекорд.

„Суштината на фудбалот е да пронајдете фудбалери кои сакаат да победуваат, да трениераат и да се натпреваруваат. Во фудбалот е исто како и во животот. Доколку си работник, ти си вреден работник. Доколку си предавник, ти си предавник. Ако си себичен, ти се себичен. Паралелен е односот во животот и фудбалот“, рекол тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.

Атлетико и Баерн пред првиот полуфинален меч во Мадрид се сретнале во 1974 година, во финалето на Купот на европските шампиони. Првиот меч во Брисел, пред четири децении, завршил 1:1, а новиот меч одигран по два дена му припаднал на Баерн 4:0. Тоа воедно е едиственото финале во кое се одиграни два натпревара.

Двобојот во Минхен ќе започне во 20:45 часот, а главен судија ќе биде Цунејет Чакир од Турција.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more
 

Спорт

  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе