ЛШ: Ветранот Буфон ја потврди класата, Јуве победи со десетмина

Третото коло во Лигата на шампионите беше отворено со натпреварите кои се одиграа во групите Е, Ф, Г и Х. Најубедливата победа ја забележа мадридски Реал, а во дербито Јувентус и со играч помалку победи во Лион.

Двете средби во Е групата завршија без победник, што само ги потврди прогнозите на почетокот на сезоната, дека оваа група ќе биде најнеизвесна. ЦСКА и Монако одиграа 1-1, додека Леверкузен и Тотенхем одиграа натпревар без голови.

Група Е, табела: Монако 5, Тотенхем 4, Баер 3, ЦСКА 2

Реал Мадрид со пет гола ја декласира Легија во Ф групата, во меч во кој Роналдо не постигна гол. Бејл ја отвори серијата со два гола во првите 20 минути, потоа намали Радовиќ од пенал, а до крајот по гол постигнаа Асенсио, Васкез и Мората.

Спортинг, во Лисабон, ја пречека Борусија, а германскиот клуб се покажа пресилен за домаќините. Гостите од Дортмунд водеа 0-2 со головите на Обамејанг и Вајгл, а до крајот на мечот Бруно Цесар успеа да намали на 1-2.

Група Ф, табела: Борусија 7, Реал 7, Спортинг 3, Легија 0

Лестер во својата деби сезона во ЛШ има максимален ефект по три натпревари. Англискиот првак третата победа во елитата ја забележа против Копенхаген. Единственито гол на мечот го постигна Марез.

Порто со пресврт во последните 20 минути успеа да победи во Бриж. Фосен го постигна голот за домашните, а потоа пресврт направија Лајун и Силва, кој постигна гол од пенал во 91. минута.

Група Г, табела: Лестер 9, Копенхаген 4, Порто 4, Бриж 0

Лион во Х групата го пречека Јувентус, имаше неколку добри шанси, како и половина час играч повеќе, но не успеа да победи. Голманот на Јуве, Џиџи Буфон не им дозоволи на домаќините да остварат победа. Ветранот имаше неколку браворузни интервенции, а во првиот дел му одбрани и пенал на Лаказет. Единствениот гол е дело на Квадрадо.

Минимална победа забележа и Севилја во Загреб, против Динамо. Самир Насри го постигна единствениот гол.

Група Х, табела: Јувентус 7, Севилја 7, Лион 3, Динамо 0.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=GKwB_TPJNIo]

 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе