Лукашенко: Стигна нуклеарното оружје, појако е од атомската бомба во Хирошима

Белорусија почна да добива тактичко нуклеарно оружје од Русија, изјави нејзиниот претседател на руската државна телевизија.

Александар Лукашенко изјави за Русија-1 дека некои од нив се „трипати“ појаки од атомските бомби што САД ги фрлија врз Хирошима и Нагасаки во 1945 година.

Лукашенко вчера изјави дека нема да се двоуми да употреби оружје доколку неговата земја се соочи со агресија.

„Не дај Боже денеска да треба да донесам одлука за употребата на ова оружје, но нема да има двоумење ако се соочиме со агресија“, рече Лукашенко.

Владимир Путин најави дека ќе го пренесе оружјето во магацините преку руската граница, но нагласи дека ќе ја задржи целосната контрола врз неговата употреба. Тактичкото нуклеарно оружје обично се разликува од нуклеарните боеви глави вградени во интерконтинентални балистички ракети. Наменет е да ги уништи непријателските трупи и оружје на бојното поле, а не да уништува цели градови.

Путин најави трансфер на оружје во Белорусија во текот на јули

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин пред неколку дена објави план за распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија од почетокот на јули. Путин рече дека подготовките за клучните објекти ќе бидат завршени на 7 и 8 јули, а потоа ќе започне преместувањето.

Западните воени сојузници остро го критикуваа планот. На крајот на мај Лукашенко изјави дека најавениот трансфер на оружје во неговата земја веќе е започнат.

Ако планот на Москва се оствари, Белорусија ќе има нуклеарно оружје за прв пат од 90-тите, откако доброволно го предала по распадот на Советскиот Сојуз. Ќе бидат распоредени ракети Искандер, кои можат да бидат опремени со нуклеарни боеви глави.

Неколку белоруски борбени авиони исто така се приспособени да го користат новото вооружување, се вели во извештајот на ТАСС.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе