Архитектура
Неверојатен еколошки проект

Луксузен облакодер што ќе го апсорбира смогот во Тајван

10. јануари 2017 - 18:54 | Б.С.Б.

Во Тајпеј, Тајван во септември ќе биде пуштена во употреба еколошка зграда чија цел е да го прочистува воздухот во градот. Станува збор за облакодерот Tao Zhu Yin Yuan Tower, кој ќе биде наменет за апсорбирање на смогот од воздухот.

Од надворешната страна на облакодерот ќе има 23.000 стебла и грмушки, истата количина што постои и во Централен парк во Њујорк. Фасадата ќе биде покриена од зеленилото, а во внатрешноста ќе има 40 луксузни станови. Билките ќе апсорбираат 130 тони јаглерод диоксид.

За објектот е заслужен архитектот Винсент Калебо, а неговата замисла за проектот е многу амбициозна, облакодерот ќе се бори против глобалното затоплување и ќе заштедува енергија.

„Сакам да му дадам на светот надеж за подобро утре“, вели тој.

Ова не е прв еко проект на Калебо, досега сме пишувале за неколку негови еколошки идеи и проекти.

Коментирај