Концепти

Луксузност во најава: Погледнете го новиот тизер за Aston Martin DBX

11. ноември 2019 - 13:41 | М.С.

Аston Martin DBX ќе биде претставен на 20 ноември, а сега e објавен новиот тизер за овој SUV.

Видеото е снимено во ноќ, а во позадина се слуша песната „Head on my shoulders“.

Од Aston Martin DBX се откриени само неговите нископрофилни гуми, а едниот кадар ја открива неговата внатрешност преоблечена во кожа.

Како што е наведено, DBX ќе биде претставен на 20 ноември, а ќе го придвижува бит турбо V8 мотор на Mercedes-AMG кој развива 542 коњски сили и е управуван со деветстепен автоматски менувач.

DBX е базиран на DB11 купе, а поради неговата структура е користен алуминиум за да се намали тежината. Сличните системи се користени и за Bentley Betaygu и Mercedes GLS и покажаа одлични резултати.

Коментирај