Луто кученце на смешен начин се обидува да избрка мачка од своето креветче
Мачките често знаат да се сместат таму каде што не треба, па на тоа место да останат со часови.
Обожаваат кутии, полици, шкафови и сите оние места кои им се забранети.
Едно од тие места е и креветчето на нејзиниот „цимер“ – француски булдог.
На ова куче воопшто не му се допадна тоа што оваа мачка влезе во неговото креветче, па навистина на смешен начин се обидува да направи се за да ја избрка.
Погледнете како ова луто кученце се обидува да ја избрка оваа мачка.