Маче кое има едно око, четири уши и многу посебен талент
Мачката Френки е родена со деформација на окото, кое мораше да и биде отстрането со операција, а покрај тоа има и четири уши.
И покрај своите недостатоци, за кратко време ова маче стана главна атракција во засолништето за животни, каде е примено. Вработените веднаш го засакаа, па една од нив го зема за милениче.
Герогина има повеќе од 100 мачки кои ги одгледува и подарува, но Френки и е најдрагото маче од сите.
Тој стана лидер и учител на мачките кои се кај неа, додека не си пронајдат постојан дом. Френки ги учи како да бидат мачки, како да се однесуваат и да покажуваат дека постојат луѓе на кои можат да им веруваат.