Музика

Мадона: Харви Вајнстин ја премина границата и со мене

6. јуни 2019 - 14:35 | А.С.

Листата жени кои јавно пријавија дека холивудскиот продуцент Харви Вајнстин ги вознемирувал или злоставувал сексуално, се прошири со уште едно познато име – поп кралицата Мадона.

Во интервју за New York Times музичката ѕвезда откри дека Вајнстин „ја преминал границата“ со неа кога неговата поранешна компанија работела со неа на диструбуција на документарниот филм од 1991 година „Madonna: Truth or Dare“.

Мадона била свесна за предаторското однесување на Вајнстин во тоа време, но дури сега во интервјуто вели дека тоа било нешто што „луѓето едноставно го трпеа“.

Кариерата на Вајнстин неславно заврши во октомври 2017 година откако актерката Ешли Џад за New York Times изјави дека продуцентот сексуално ја злоствил во хотел во Беверли Хилс пред повеќе од две децении.

По нејзината изјава, многу жени од забавната индустрија излегоа со сведоштва дека биле сексуално нападнати, малтретирани или искористени од Вајнстин кој ја злоупотребил неговата моќ во Холивуд за да ги замолчува.

Коментирај