Музика

Мадона ќе настапи на Евровизија за милион долари

4. април 2019 - 9:34 | МИА/КАЈГАНА

Познатата американска поп-пејачка Мадона ќе настапи на Изборот за песна на Евровизија во Израел за хонорар од 1 милион долари.

Трошокот за хонорарот го презеде милијардерот Силван Адамс. Тој се реши на овој чекор по преговорите со Израелската телевизиска корпорација која му предложи да биде партнер во проектот.

Мадона во 2015 година беше прогласена за „најкомерцијализирана пејачка“, а нејзиното име се наоѓа и во Гинисовата книга на рекорди.

Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи во Тел Авив од 14 до 18 мај. Сега се сотавува прогрмата и списокот на гостински ѕвезди. Како една од водителките на шоуто се спомнува холивудската актерка со израелско потекло Гал Гадот.

Тамара Тодевска ќе ја претставува Република Северна Македонија на годинашниот Избор за песна на Евровизија со песната „Proud“ на авторскиот тим: Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Коментирај