Мадрид заработи 42 милиони евра од дуелот Ривер-Бока

Ривер Плата го освои трофејот на Копа Либертадорес, но Мадрид исто така, може да се смета за голем победник во финалниот дуел меѓу „милионерите“ и Бока Јуниорс, кој се одигра на мадридскиот стадион „Сантијаго Бернабеу“, оценува „АS“.

За рекордно кратко време, подготовката и логистиката во сите сегменти беа совршени. Организацијата на овој важен меч беше поздравена од целиот свет, а особено во Аргентина.

По завршувањето на настанот, сепак дојде време за сметките. Претставникот на локалната власт во Мадрид Родригез Урибес соопшти дека само од директни приходи, финалето му донело 42 милиони евра на мадридското стопанство.

– Уште 50 ќе се генерираат од ефектот на брендот Шпанија и брендот Мадрид, додаде тој.

Општо земено, овие бројки ги надминуваат 55-те милиони евра, кои отидоа кај Лисабон и Милано за последните две финалиња од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид исто така имаше полза од натпреварот. Во касата на клубот ќе влезат 2,5 милиони евра поради организацијата и продажба на 13.000 билети. Уште четири милиони евра ќе влезат во државната каса на Шпанија во форма на даноци.

Натпреварот го обебзедуваа 4.000 припадници на националната полиција, од кои половина пристигна од другите градови во земјата. Тоа Мадрид го чинеше 650.000 евра, но локалната власт ќе преговара со Јужноамериканската фудбалска федерација (КОНМЕБОЛ) за споделување на овие трошоци.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Живот

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more

Колку често треба да се перат пижамите?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more
 

Магазин

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе