Мафијаши убија двајца полицајци во службено возило среде Сараево

Рано утрово, во пресметка со автомобилска мафија во Сараево беа убиени двајца полицајци.

Откако наишле на украдено возило, бел Golf 6, полицајците не успеале ни да излезат од службеното возило, кога биле изрешетани со куршуми од мафијашите кои потоа побегнале со две возила, Range Rover и Golf 5.

На самото место починал полицаецот Адис Шеховиќ, а неговиот колега Давор Вујиновиќ околу пладне им подлегнал на повредите во болница.

Според локалната полиција, се работи за двајца искусни полицајци кои долги години работеле во полициската служба.

Службите соопштија дека „ќе превртат сѐ за да ги најдат сторителите“.

„Ова е гнасен чин бидејќи полицајците воопшто не излегле од автомобилот и не го употребиле оружјето. Возилото уште било во движење кога напаѓачите почнале да пукаат во нив“, изјави Адем Зољ, претседател на владата на кантонот Сараево.

Потрагата по напаѓачите е во тек.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе