Стил

Маги Медичи: Добра шминка е кога ќе ве видат и ќе ви речат дека сте преубави, а не убаво нашминкани

12. септември 2019 - 15:17 | А.С.

Во време кога совети за шминка може да најдете насекаде и секоја девојка која решила да биде блогерка за убавина нуди своја верзија на она што е „вистинскиот изглед“ за сезоната „што ќе им одговара на сите“, добро е да се прашаат вистинските професионалци.

Магдалена Медичи, мејкап артист и моден уредник на списанието „Убавина и здравје“, која има долгогодишно искуство во светот на шминката и модата, напиша сатиричен коментар на нејзиниот профил на Facebook за тоа што сѐ денес се смета за „добра шминка“, а што всушност значи квалитетна нега на кожата и убаво нашминкано лице за секоја возраст.

Ви пренесуваме дел од коментарите на Маги:

- Добра шминка не е кога ќе ве видат да не ве препознаат најблиските.

- Добра шминка не е црнила без стил со пластични трепки поголеми од окото, дупли веѓи и омбре уста.

- Добра шминка не е да светите како канделабри низ цело лице и нос од прекумерна доза хајлајтер.

- Добра шминка е 80% негувана кожа, и пудра во зависност од типот на кожата, а не да ви излезат и брчки што ги немате , а тие што ги имате од авион да ви се видат.

- Добра шминка е кога намалувате со шминка со тек на годините. Не изгледате помладо и посекси на 50 години со кило црнила на очите и контури, со бел коректор на подочниците. Таа шминка изгледа страшно кај повозрасните жени.

- Добра шминка е подобрена освежена верзија од вас.

- Добра шминка е кога ќе ве видат и ќе ви речат дека сте преубави, а не убаво нашминкани.

- Добра шминка е кога е сé слеано до совршенство и од ништо нема вишок да боде очи. Сé друго е само покaжување на уметничките способности (доколку ги има) на шминкерот или „ревијална“ театарска шминка. Тоа не е шминка за важен настан, не ѝ е таму местото.

Коментирај