Останати спортови

Мајк Тајсон за проблемите на Мекгрегор: Парите расипуваат

14. октомври 2019 - 17:19 | А.С.

Мајк Тајсон му понуди пријателски совет на Конор Мекгрегор за да излезе на прав пат по проблемите со законот и контроверзите во кои ММА борачот се наоѓа во последно време.

Мекгрегор моментално е на слобода со кауција откако беше обвинет за напад врз Дезмонд Кеог во паб во Даблин на 6 април годинава.

Ова не беше прв инцидент на Ирецот кој претходно учествуваше во тепачка поради која беше казнет со шест месеци суспензија од УФЦ и парична казна од 38.000 фунти.

Сега, Тајсон, кој во 1992 година беше осуден на шест месеци затвор за силување, реши да му даде совет на 31-годишниот Мекгрегор.

Во шоуто на Ариел Хелвани поранешниот светски боксерски шампион во тешка категорија рече:

„Конор мора да погледне длабоко во себе и да се праша: ‘Што се случи: Зошто сум ваков каков што сум?’“

Тајсон е убеден дека парите се најголемиот виновник за проблемите во кои се нашле многу спортски ѕвезди, како Мекгрегор.

„Парите те расипуваат. Не знаеме како да се справиме со тоа. Добиваме милиони долари. Никогаш сме го немале тоа. Нашите семејства го немале. Никогаш не сме биле ни блиску до таков живот. И оддеднаш, почнуваш да се бориш, правиш нешто што го сакаш, ти оди од рака и одеднаш ти даваат многу пари за да го правиш тоа“, објасни Тајсон.

„Почнуваш да даваѓ. Им купуваш подароци на луѓе кои не заслужуваат подароци. Не знаеш што да правиш со парите. Се чувствуваш како да не ги заслужуваш.“

Коментирај