Мајки се степаа на школска приредба за да можат подобро да ги снимаат децата
Две мајки дојдоа на школска божикна приредба во италијанското гратче Џела за да ги гледаат нивните деца како настапуваат, но празничниот дух ги напушти уште пред да почне претставата за исусовото раѓање.
Двете жени се степаа околу тоа која да добие подобра позиција за снимање и за кратко време почнаа да летаат шамари, удари и клоци пред очите на децата маскирани како ангелчиња.
Настанала групна тепачка меѓу членови на двете семејства, поради што морало да интервенира и локалната полиција.